Запалените возила во Карпош се со гевгелиски регистерски таблички

by valentina 16:27
16:27

Од МВР информираат дека на 26 април 2026 година околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ во Скопје биле опожарени две патнички возила.

-Станува збор за патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (58), и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (25).

Во настанот нема повредени лица, но од пожарот е оштетен и семафор на улицата „Орце Николов“.

Од надлежните служби се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Фотографија: илустрација

Слични вести