Запалена сува трева е причината за опожарувањето на петте возила под Кале

by Fokus

Горела сува трева кај поранешниот полигон па пожарот ги зафатил и автомобилите. Но се уште не е познато кој го предизвикал пожарот.

„На 06.04.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Лазар Личеновски” на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар при што горела сува трева. Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ сопственост на М.Т.(19) од нас.Илинден, Скопје, „тојота“ сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ сопственост на Б.Б.(42) од Скопје.

Исто така, од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ соопшти МВР.

Поврзани новости