Над три илјади учеснички на Женската трка

by Fokus

Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи.

Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски Маратон“. Резултатите ќе бидат споделени на следниот линк: https://tagtiming.mk/.

Трката беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

Поврзани новости