Запален транспарент со пратеници пред Собранието

by fokus

На протестот пред зградата на Собранието против францускиот педлог беше запален голем транспарент на кој беа прикажани фотографии од пратеници од актуелниот парламентарен состав.

Транспарентот, насловен со „Предавници на народот“, беше поставен на заштитната ограда пред Собранието. Околу зградата е евидентно големо полициско присуство.

Протесниот марш под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ од пред Владата продолжи кон Министерството за надворешни работи, каде луѓето што протестираа оставаа ружи пред полицијата.

Претходно, на раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до вербални дофрлувања меѓу демонстрантите и група млади луѓе, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

Моментно, протестот продолжува на финалната дестинација – пред Собранието.

Поврзани новости