Заострени рестриктивни мерки за Лондон и југоисточна Англија

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска соопшти дека ќе се воведе повисоко ниво на анти-епидемиски ограничувања во Лондон и на југоистокот на Англија поради ширењето на новата варијанта на корона вирусот.

– Новата варијанта на вирусот би можела да биде и до 70 проценти позаразна од оригиналната варијанта на вирусот“, рече Џонсон на прес-конференција, додавајќи дека Владата се откажала од најавеното олеснување на рестриктивните мерки за време на божиќните празници, поради зголемувањето на бројот на нови случаи на заразени со коронавирус.

Поврзани новости