Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација –Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен), ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, потсетуваат од јавното претпријатие.
Како што посочуваат од таму можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15.10.2018 година, заклучно со 03.11.2018 година.
„Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот. Раководствата на ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и во иднина ќе водат грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти што ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје“, соопштија од претпријатието.