466
Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во пресрет на говорот на Алексис Ципрас во Солун.
-Не сакаме Солун да биде со завртен грб кон северните соседи, напротив да го врти погледот кон север, да ги прифати соседите, да биде град на демократијата и на светлината, вели Ѕанакопулос.