Здружението на заштита на авторскии музички права деновиве треба да излезе со одговор на решението на Министерството за култура, кое им ја укина забраната за емитување на македонска и српска музика.
– Деновиве, органите на ЗАМП треба да расправаат за оваа одлука на Министерството за култура. Јас ќе ја почитувам нивната одлука и ќе се залагам за неа – изјави за Мета претседателот на управниот одбор на ЗАМП, Григор Копров.
Причина за забраната за емитување на македонска и српска музика, како што рекоа од ЗАМП беше повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз нивното работење и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП.
Министерството за култура пак, ја укина забраната како неоснована, образложувајќи дека одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права.