Војна на фолк естрадата: Зорка ми ги украде позите!

by fokus
 Фолк пејачките Марија Луиза од Битола и Зорица Георгиевска од Кратово влегоа во дуел. Марија, која е присутна на сцената во изминативе пет – шест години, непријатно се изненадила кога ги забележала фотографиите од новата фото сесија на нејзината колешка Зорица, а во кои таа и ги ,,украла“, позите, односно и го ископирала стајлингот, и се фотографирала во идентична поза, со лисици во едната, и пиштол во другата рака.
thumbnail_marija-l90

,,Јас ја направив мојата фото сесија уште пред повеќе од три години, со професионална екипа. Нормално е дека секоја фотосесија, изработена квалитетно чини многу пари. Значи, во овие фотографии што се најдоа на многу насловни страници јас вложив, додека пак Зорка од Кратово, како лош политичар ја собрала мојата идеја и се обидела да гради кариера со туѓи пози. Разликата се гледа веднаш, додека таа позира со пластичен пиштол на дијаболи и држи во рака пластични кинески лисици, јас позирам со вистински, кои што за потребите на снимањето ги позајмивме од пријател вработен во полицијата. Шокирана сум, таа си направила реклама на моја сметка. Во ред е да украдеш некој детал, ама таа ме ископирала комплетно. Не и се јавив за да се објасниме, оти се е јасно, но знам дека пораката што и ја пратив веќе ја има добиено!“, – вели Марија.

Откако почна да се занимава со музика, Марија го смени презимето Тодоровска во Луиза, бидејќи сакала да гради кариера во стилот на големите ѕвезди и да има звучно и препознатливо име. Таа често пати вели дека естрадата и политиката имаат многу сличности, на некој начин секој се бори да добие повеќе фанови, односно гласови, и како според неа и полтичката сцена во земјава често пати прилега на едно големо реално шоу.

Пред неколку месеци, јавно преку „Фокус“ му порача на нејзиниот сограѓанин, градоначалникот на Битола, Владимир Талески дека и покрај тоа што и самиот бил дел од уметничкиот живот, како поранешен глумец и пејач, сосема заборавил на уметноста откако седнал во фотелјата, па битолските пејачи биле принудени да си го печалат лебот во другите градови, каде што имале повеќе можности за напредок. Неколку години пред тоа, јавно му порача и на претседателот Ѓорѓе Иванов повеќе да се грижи за фолк пејачите, кои што се еден вид амбасадори и ја претставуваат нашата земја во странство со своите песни, каде што често имаат настапи.

Кратовчанката Зорица вели дека ова е само бид на Марија да биде во центарот на вниманието и дека не станува збор за никакво копирање од нејзина страна.

 

,,Никогаш не сум сакала никого да копирам, а ако Марија така си мисли, не значи дека е во право. Моите фотографии се направени пред една година, но ние двете сме различни личности, секоја од нас си има свој став“, – изјави Георгиевска.

 

Вики Клинчарова
 

Поврзани новости