786
Во текот на вчерашниот ден жители на скопската населба Драчево и општината Шуто Оризари пријавиле во полиција дека пронашле залутани зрна од огнено оружје.
Вчера околу 7.30 часот седумдесетгодишник во полициската станица Драчево пријавил дека на терасата од неговата куќа на ул.„Китка“ пронашол зрно од огнено оружје, а била оштетена и лимената кровна конструкција. С.Ф. го предал зрното на полициски службеници во Полициска станица Драчево.
Истиот ден вечерта Ф.И.(66) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на терасата од неговата куќа на ул.„Вашинтонска“ пронашол залутано зрно од непознато огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, пријавителот им го предал залутаното зрно. Нема штета, ниту повредени.