641
Неидентификуван напаѓач држи 20 луѓе за заложници во експозитура на Банката во Грузија градот Зугдиди.
Се водат преговори со напаѓачот, а според локални медиуми тој побарал половина милион долари. Напаѓачот е со маска и маскирна униформа. За своето барање тој им дал два часа на полицајците да го исполнат, кои веќе изминаа.
Полицијата уште информира дека напаѓачот ослободил една бремена жена.