Законските измени за хонорарите ќе се носат по брза постапка

by Фокус

По брза постапка, најверојатно уште во текот на оваа недела, ќе се носат законските измени за законот за плаќање придонеси за хонорарите, кои ги предложи пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ.

Координаторот на владејачката партија, Илија Димовски вели дека причина за брзањето е што овој закон засега голем број на граѓани. Можно е да се закаже спрецијална седница за да се донесат овие законски измени, бидејќи според собраниската агенда, првата наредна седница е предвидена за понеделник.

Сепак, ова не ги премисли потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права и хонорарците и тие ќе излезат на закажаниот протест во петок. Нивното барање е целосно повлекување за овој закон, а на овие предложени измени гледаат како на обид за манипулација од страна на власта.

„Одбиваме да бидеме предмет на манипулации со цел да се амортизира незадоволството на илјадници граѓани кои протестираа и бараа укинување на законите откако беа соочени со откази, намалувања и доцнења на приходите. Затоа, остануваме на најавата за протести на 13 февруари, петок во 14 часот.“,- стои во соопштението на потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.

Поврзани новости