Законски измени за можност студентите да бидат тутори

by fokus

Во Собранието на Република Македонија денеска пратениците ќе расправаат за  измените на Законот за студентски стандард. Измените се однесуваат на тоа студентите да можат да бидат  тутори на ученици од средно и основно образование, со што би собирале плус поени за стипендија.

Во предлог измените на Законот стои дека решенијата  предвидени со измените и дополнувањата на Законот се во насока на регулирање на туторството на студентот.

Процедурата за овие измени беше започната во јуни годинава, а денеска во Собранието тие ќе бидат на прво читање.

Поврзани новости