Брачен пар загина во сообраќајка кај Демир Капија

by fokus

Маж и жена од Скопје, утрово, загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила на патот Удово – Демир Капија.

До сообраќајната несреќа дошло кога автомобилот „Фиат“ се забил во автобус на „Струмица експрес“.

Сударот се случил кај месноста викана „Света Петка“ и сега таму сообраќајот е во прекин во двата правци. Увидот е во тек.

Поврзани новости