Законски измени: Администрацијата во петок да работи само 4 часа

by fokus

Наместо 40 часа, администрацијата да работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Ова е предвидено во новиот Закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР, а го изготви Министерството за информатичко општество и администрација.

„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено, се наведува во еден од членовите на законот.

За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Поврзани новости