Законот за употреба на јазиците пред пратениците на 29 јануари

by Fokus

Законот за употреба на јазиците најверојатно ќе се најде пред пратениците на 29 јануари.

На денешната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, координаторите на владејачките пратенички групи се договориле неделава да нема седници, бидејќи неколкумина пратеници се на службен пат и нема кворум за работа.

Од Кабинетот на Џафери велат дека, Законот најверојатно ќе биде ставен на дневен ред идниот понеделник, на 29-ти јануари,а тогаш ќе се избираат и петмината потпретседатели на Собранието.

 

Поврзани новости