Законот за новото обвинителството во вторник влегува во Собрание

by fokus

Дебатата за новото СЈО кое повеќе нема да биде специјално, туку обвинителство за организиран криминал и виска корупција се префрла мегу пратениците. Законот за јавно обвинителство, со кој СЈО се спојува со организиран криминал во вторник влегува во Собрание, велат од министерството за Министерството за правда за Телма.

-Владата во вторник законот ќе го прати во Собрание. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во Собрание, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето 2/3 мнозинство ќе биде во Собранието, велат од Министерство за правда.

Тие се зачудени што опозицјата не прифаќа досегашната шефица на организиран криминал Рускоска да биде на чело на новото обвинителство.

-Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот, со амандманите предложи СЈО да биде дел од ЈО за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање, велат одМинистерство за правда.

Поврзани новости