Предлогот за формирање на нов универзитет именуван како „Дамјан Груев” се врати во Собранието, по скратена постапка и дополнет со уште три факултети.
Новиот универзитет за национална одбрана, безбедност и мир треба да има вкупно 11 високо-образовни единици, меѓу нив и економски, градежен и архитектонски.
Од ВМРО-ДПМНЕ убедуваат дека на овој начин се придонесува кон подобрување на конкуренцијата и уривање на наводен монопол во високото образование.
Од друга страна, од СДСМ реагираат дека Законот треба да оди во скратена постапка и во период кога опозицијата не учествува во работата на Собранието. За партијата ова е уште една потврда за незаконското работење на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи како што велат, не постои ни финансиска конструкција, ниту елаборат, а ни акредитација.
Претходниот предлог за нов универзитет заглави во матичната комисија за образование наука и спорт поради бројни амандмани на членовите од опозицијата.