Демонстрантите на Шарената револуција го започнаа маршот од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.
Како главно мото на вечерашниот протест на бело платно стои „Вистинските државници не се закануваат на граѓаните”, со што активистите алудираа на говорот на претседателот Ѓорге Иванов и на експремиерот Никола Груевски.
„Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“ – порачаа од Шарената револуција.
Толпата со демонстранти се упати кон Собрание.