За денеска е предвидено да се оддржат двете седниците на Комисијата за европски прашања и на Законодавно-правната комисија, на кои треба да поминат предлог-законот за јавно обвинителство и измените на Законот за Совет на јавни обвинители.
Оваа седница е закажана за во 10 часот, а за половина час подоцна – во 10.30, според календарот на официјалната страница на Собранието, е предвидена седницата на Законодавно-правната комисија чија претседателка е пратеничката Соња Мираковска.
Вчерашната седница неколку пати се одложуваше, бидејќи владата го повлече законското решение, а како што појаснија поради технички грешки.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак обвинија дека е направен фалсификат, затоа што текстот на Законот бил доставен до Собранието без да има владина одлука за тоа.