Продолжува судењето за “Рекет”

by fokus

Судењето за случајот “Рекет” треба да продолжи денеска во Кривичниот суд, откако вчерашното рочиште се одложи поради неприсуство на обвинетиот Бојан Јовановски.

Тој не беше донесен во судница, бидејќи затворскиот лекар утврдил дека не е во добра здравствена состојба за да го следи судењето. Судијката Васка Николовска Масевска побара тим од лекари од Клиничкиот центар да го прегледа Јовановски, за да како што рече, се избегнат било какви манипулации или злоупотреби.

На денешното рочиште треба да продолжи изведувањето на материјалните докази предложени од обвинителството.

Поврзани новости