Законот за Брегзит пред британските пратеници

by fokus

Британските пратеници денеска треба да го одобрат законот кој ќе овозможи излез на земјата од ЕУ на 31 јануари, со што ќе заврши тригодишното надмудрување околу условите за Брегзит.

Портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека усвојувањето на законот за спроведување на договорот за излез од ЕУ, кој е постигнат минатата година со Брисел, ќе претставува „значаен позитивен чекор“, со што ќе се стави крај на една од најдлабоките политички кризи кои ја погодија земјата во последните децении.

За законот потоа ќе се изјасни и Горниот дом и ќе остане доволно време до 31 јануари, кога се очекува Џонсон „да ја одвои Британија од 27-те останати земји членки на ЕУ“ и со тоа ќе биде првата нација која досега го напуштила европското семејство.

Потоа ќе почне период на трговски преговори, кои ќе го дефинираат новиот однос на Британија кон Европа, која е нејзин клучен трговски партнер.

Поврзани новости