Законите за прислушувањето и за контрола врз полицијата одложени за четврток

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска го одложи разгледувањето на пакетот закони за реформа на системот за следење на комуникациите и за контрола врз полицијата предложени од Министерството за внатрешни работи, бидејќи немаше претставник од МВР што ќе ги образложи.

По обраќањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието в четврток, пратениците ќе ја продолжат седницата на која на дневниот ред ќе се најдат и Предлог на закон за формирање Оперативно-техничка агенција и предлог-законот за следење на комуникациите.

 

Поврзани новости