Маскиран разбојник со закана со нож врз вработена во продавница во Гевгелија одзел над 700 евра. Полицијата веднаш го пронашла крадецот, а судија по претходна постапка му одредил притвор од 30 дена. Станува збор за Д.П. (41) од Гевгелија, против кого полицијата поднесе кривична пријава за кривично дело разбојништво.
„На 22 март 2018 година околу полноќ, Д.П. со закана со нож извршил разбојништво во продавница во Гевгелија. Додека вработената била на каса, Д.П. влегол маскиран и со нож и се заканил да ги даде парите. Таа се исплашила, ја отворила касата и му дала 43.745 денари од дневниот пазар, по што Д.П. побегнал“, соопштија од МВР.
Набргу по пријавување на настанот, од страна полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија Д.П. бил пронајден и лишен од слобода.