434
Пред домовите на неколку функционери на СДСМ вчеравечер осамнаа графити со говор на омраза.
На улицата пред куќата на пратеникот Максим Димитриевски, напишани се пораките: „Максо гробар на Македонија“, „Максо албански слуга, „Максо предавник“…
И пред домот на пратеникот Петре Шилегов се појави порака: „Петре Шилегов дали и твоите деца гласаа за двојазичност?“.
Слични пораки стигнале и до народните избраници Васко Ковачевкси од Битола и Јован Митрески од Струга.
Овие настани следат откако Никола Груевски преку проглас ги повика членовите на партијата да излезат на улица и да ги бранат интересите на државата.