Закани кон Канал 5 на Фејсбук, АВМУ ги осуди

by fokus

Во текот на вчерашниот ден Канал 5 реагираше поради закани упатени на социјалните мрежи.

Лице на објава на Канал 5 на Фејсбук, покрај останатите навреди напишало:

-Да беше ова асална држава, ќе ве стрелаа како кучиња.

Од МВР денеска соопштија дека работат на расветлување на случајот, а настанот го осуди и АВМУ.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук”, реагираа од Агенцијата.

-Нападите и заканите кон новинари се неприфатливи и сите надлежни органи мора да ги преземат потребните мерки за да се создаде опкружување во кое ќе постојат професионални, слободни и независни медиуми, велат од АВМУ.

 

Поврзани новости