609
Новинарската екипа на телевизијата Алсат М која денеска била да снима прилог во кампот пред Собрание, добила закани од камперите. Тие се заканувале дека ќе им ја скршат камерата, пренесува телевизијата.
-Контракамперите пред Собранието ја чуваат демократијата, но снимања не дозволуваат за сите медиуми. Се заканија дека ќе ни ја скршат камерата, велат од Алсат М.
Еден од камперите пред Собранието, кои себеси се нарекуваат „Чувари на демократијата“, откако упатил пцовки кон Заев и неговата фамилија, на новинарската екипа им се обратил со зборовите:
„Вашите снимајте ги. Тие преваранти, што сакаат да ја распарчат Македонија. Не снимај. Ќе ти ја скршам камерата. Ќе ти ја скршам камерата. Ајде оди од тука. “