Тројца загинати по излетување од мост во Куманово

by Фокус

Три лица загинале, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Куманово. Тие откако со автомобилот удриле во оградата на мостот во населбата Бедиње во Куманово, излетале на автопатот Белград – Скопје.

Еден од двајцата повредени со возило на Итната помош е пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, а вториот е згрижен во кумановската болница.

Поврзани новости