403
„Имаме 3 куршуми спремни за тебе и за твоето семејство. По еден за секоја Македонија“, пишувало во писмото со закани испратено завчера до шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас.
Било пронајдено и второ писмо, кое освен до Никос Коѕијас, било адресирано и до уште тројца министри во грчката влада.
Во трето писмо пак, до пратениците и до министерот за одбрана Панос Каменос, министерот за правда Ставрос Кондонис и министерот за образование Костас Гавроглу.
-Триста пратеници во парламентот се предавници. Да влезат војската и полицијата во парламентот, напишал анонимниот испраќач.