282
Властите на Косово се заканија дека „српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде уапсен доколку се обиде да дојде на Косово без дозвола на Приштина“.
Ова го изјави косовскиот министер за внатрешни работи – Џељаљ Свечља, пренесува „Репортери“.
Ова доаѓа по изјавата на Вучиќ дека планира да ја посети Грачаница.
„Доколку испрати барање, одлуката ќе биде на премиерот дали ќе му даде дозвола на Вучиќ или не. А, без дозвола се знае кои институции се занимаваат со тоа. Како мислите дека некој, странски државјанин, може да влезе во Република Косово без дозвола на косовските институции“, праша Свечља.
Тој изјави дека не верува оти „Вучиќ е толку луд што без дозвола би дошол на Косово“.