Патник на летот на „Алјаска ерлајнс“ од Атланта во американската држава Џорџија до Сиетл е обвинет за закана со бомба поради која пилотите го приземјиле авионот во Спокејн, Вашингтон, објави „Сиетл тајмс“.
Брендон Скот (38), роден во Кентаки, се соочува со обвинение за лажни информации и измами во врска со приземјениот лет, според документите поднесени во Окружниот суд на САД. Тој е задржан во затворот во округот Спокејн.
Скот може да добие затворска казна до пет години и можна парична казна од 250.000 долари.
Нешто пред 15:30 часот, летот на „Алјаска ерлајнс’ ја напушти Атланта со Скот во прва класа. Тој и предал на стјуардесата белешка во која се наведува дека има неколку килограми рачно изработен експлозив во рачниот багаж и детонатор за него, пишува во судските документи.
Во белешката на Скот се бараше авионот да се пренасочи кон кој било друг аеродром и се закануваше дека ќе ги убие сите во авионот доколку слета во Сиетл, се вели во документите.
Во белешката и се наложува на стјуардесата да го предупреди пилотот и контролорите на летање, но да ја скрие заканата од другите во авионот, се наведува во документите.
Во белешката на Скот е наведено дека тој мирно ќе се откаже по пристигнувањето на пренасочената дестинација.
Стјуардесата контактирала со капетанот и копилотот кои ги советувале контролорите на летање и безбедносните диспечери на „Алјаска ерлајнс“ и летот е пренасочен кон Спокејн, слетувајќи во раните вечерни часови.
Официјалните лица го приведоа Скот по пристигнувањето, а одред за бомби го пребара авионот и не најде никаков експлозив. Еден патник им рекол на инспекторите дека го виделе Скот како ја пишува белешката за време на летот.
Скот им рекол на истражителите дека белешката била лажна и дека немало бомби во авионот, објаснувајќи дека се надевал дека лажните информации ќе го пренасочат летот.
Тој тврдеше дека ја направил заканата за сопствената безбедност бидејќи членовите на моќниот картел го чекале да слета во Сиетл и дека ќе го убијат. Скот им рекол на инспекторите дека разгледувал различни опции за пренасочување на летот, но не размислувал да контактира со органите на редот на аеродромот за помош.