1.3K
Пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова со апел денес во 18.00 часот сите заедно, обединети да им дадеме поддршка на македонската фудбалска репрезнтација на натпреварот во Романија против Австрија.
– Токму денес го живееме сонот на една генерација и сите заедно сплотени да навиваме за нашиот тим, апелира Зајкова.
Таа на својата фејсбук страна објави и фотографија од нашиот известувач од Европскиот Парламент, Илхан Ќучук преку која испраќаат порака заедно да навиваат за македонските фудбалери.
Зајкова додава: – Среќно момци, Вие сте нашите херои кои не прават горди.
Еден од натпреварувачите е и нејзиниот брат Ѓоко Зајков.