Русија има информации дека Украина веќе почнала да го спроведува планот за провокација со употреба на „валкана бомба“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Захарова изјави дека раководството на Комбинатот за рударство и преработка на Источна планина во градот Жута Вода во регионот Дњепропетровск и Киевскиот институт за нуклеарни истражувања добиле задача да направат „валкана бомба“, пренесе Спутник.
Таа додаде дека не е исклучена можноста да им помогнат некои западни земји кои со Украина разговараат за компонентите за таа бомба и посочи дека е непромислено Западот да го игнорира предупредувањето на Москва за можна нуклеарна провокација.
„Не е паметно да се игнорираат предупредувањата на Русија и опасно е да се ескалира овој случај, а Западот не треба да ја мери ширината на црвената линија“, предупреди Захарова.
Претходно, шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов изјави дека Министерството за одбрана ги ставило силите и ресурсите на подготвеност во случај Украина да употреби „валкана бомба“.
„Валкана бомба“ е контејнер со радиоактивни изотопи и експлозиви, а за време на експлозија, радиоактивните материи се распрснуваат во бранови, создавајќи радиоактивен појас на големи територии.
Според информациите на Министерството за одбрана на Русија, во случај Украина да активира „валкана бомба“, во атмосферата би се прошириле радиоактивни изотопи на оддалеченост до 1.500 километри.