Захарова: Властите на Македонија продолжуваат да ја следат русофобијата на Западот

by Fokus

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова смета дека протерувањето на руските дипломати од Македонија негативно ќе се одрази на односите помеѓу двете земји.

„Властите на Македонија продолжуваат да ја следат русофобијата на Западот и ја уништуваат спиралата на билатералните односи“, се вели во соопштението на руското МНР, кое го пренесе државната новинска агенција ТАСС.

Поврзани новости