575
Незаконските активности на САД секогаш биле проследени со природен одговор од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја подготовеноста на Вашингтон за воведување нов пакет санкции поради ситуацијата со Алексеј Навални.
– САД се обидуваат да ги решат проблемите со сопствената неконкурентност преку воведување санкции за Руската Федерација, истакна Захарова.