Стејт департментот на САД не може да поучува никого за почитување на човековите права при бран полициска бруталност посебно за новинарите кои известуваат за протести, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесе Тасс.
Таа ова пособно го потенцира затоа што американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе треба да одржи средба со преживеаните од протестот на плоштадот Тијанамен во Пекинг.
-Од прозорецот на Стејт департментот во Вашингтон можете да го видите масакрот на полицијата врз демонстрантите на плоштадот Тијананмен, но се прашувам дали американскиот државен секретар ќе има нешто да им каже на своите гости и за американските достигнувања на полето на заштитата на човековите права, се запраша Захарова.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи истакна дека во овој момент САД можат да се пофалат само со незаконски и брутален третман кон новинарите, кои секојдневно се бомбардирани со солзавец и со салви од гумени куршуми од полициските пушки.
-Тие можат да се гордеат што повеќе од 100 американски и странски новинари беа подложени на вознемирување од рацете на американската полиција, заклучи Захарова.
Претходно, руското Министерство за надворешни работи ги повика релевантните меѓународни организации да одговорат на зголемениот број случаи на полициско насилство врз новинари кои ги покриваат протести низ САД, како и на систематското кршење на човековите права во САД, што доведе до масовни протести низ земјата.