Захариева тврди дека Македонците зборуваат бугарски јазик, како што Аргентинците зборуваат шпански

by fokus

Бугарската министерска за надворешни работи, Екатерина Захариева во интревју за „Ефе“ направи споредба на Македонија со латинските земји во однос на јазикот.

-Земам пример од Латинска Америка. Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден момент тие имаат заедничка историја не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив, тоа ги приближува, рече Зафариева.

Таа тврди дека Бугарија никогаш не го негирала правото на постоење македонска држава, ниту нејзиниот суверенитет и желба да го нарекува јазикот како што сака, но сето тоа, нагласила, не треба да биде врз основа на лаги и негирања за начинот на кој е создадена нацијата.

На прашањето дали европските партнери ја разбираат бугарската позиција, Захариева вели дека и Грција не била разбрана, па 15 години го задржала своето вето кон Македонија.

Поврзани новости