Захариева: Целосно спроведување на Договорот од страна на Македонија е клучен услов за ЕУ

by Frosina Fakova

Целосно спроведување на Договорот од страна на Македонија е клучен услов за напредокот кон интеграцијата во ЕУ, порача бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева на тригодишнината од потпишувањето од Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

-Ние веруваме во добрососедските односи како фундаментална европска вредност и во таа смисла целосното и совесно спроведување на Договорот од страна на Македонија е клучен услов за понатамошниот напредок на земјата кон интеграцијата во ЕУ… Еден од најважните аспекти е работата на заедничката мултидиспциплинрана експертска комисија за историја и образовни прашања. Бугарија очекува Комисијата да продолжи со работа и наскоро да оствари вистински напредок врз основа на објективно толкување засновано на автентични и историски извори и докази, напиша Захариева на Фејсбук.

Нејзиниот македонски колега Никола Димитров исто така ја одбележа годишнината од Договорот со порака испратена на фејсбук. -Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа баш таков каков што си. Токму оваа мудрост, применета и од македонска и од бугарска страна, со трпение и зрелост, ќе нè носи напред, напиша Димитров.

Поврзани новости