Кавадарци ги надмина Велес, Ресен и Кочани во број на активни Ковид-19 случаи

by Frosina Fakova

Жена на возраст од 24 години е новиот регистриран случај на Ковид-19 во Кавадарци. Со лесна клиничка слика таа е на домашно лекување, а во анкетата навела дека не знае од кого се инфицирала.

Исто така, во тек на наредните денови се очекуваат резултати за повеќе лица од градот на кои им бил земен брис.

Ова е 61 случај на корона вирус во Кавадарци. Активни се 44 случаи.
Изминатиот период најголемиот број на новозаболени се млади лица, од 16 години па нагоре, а повеќето од нив тврделе дека не излегувале многу и не знаат како се инфицирале.

Според бројот на активни случаи, Кавадарци ги надмина Велес (22), Ресен (31) и Кочани (24), кои до неодамна беа големи жаришта.

Вики Клинчарова

Поврзани новости