Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во гостување на една бугарска телевизија го обвини Петар Богојески дека предложил депортација на македонските Бугари од Македонија во Бугарија. Таа додаде дека такво нешто немало уште од времето на Сталин.
Богојески на Захариева и одговори саркастично дека „може да и ја исполни желбата, но нема железница помеѓу Македонија и Бугарија, со што треба Бугарите да ги шверцува преку Србија.“
Захариева всушност го коментираше предлогот од Македонски концепт „Конечното решение на бугарското прашање“, во кое еден од предлозите е:
-Македонија ќе спроведе процес на репатријација на граѓаните кои се изјаснуваат како македонски Бугари, а Бугарија со институциите, политичките партии или поединци, ќе се повлече од било какво мешање во тие процеси и било каква координација на тие граѓани. Тоа е надлежност само на Македонија.
Петар Богојески во изјава за „Фокус“ за обвинувањата од Захариева вели дека само ум помрачен од омраза може да смисли депортации во 21 век. Тој објаснува дека предлогот на Македонски концепт значи дека „македонските Бугари кои биле шиканирани од стариот комунистички режим на Југославија да бидат репатрирани и да бидат вклучени во македонското општество како рамноправни граѓани“.
-Јас сум прагматичен човек, кој се обидувам на секаков начин да ги соочам “големците” од двете земји со суровата реалност, а тоа е дека во 2020 година, две соседни земји немаат меѓусебна железничка линија! Жалам што госпоѓата Захариева се наоѓа во состојба на тешко психичко пореметување, само таков помрачен од омраза мозок, може да смисли “депортации во 21ви век”!!! Тоа очигледно и е во наследство од депортациите органиизрани од нејзините предци, на македонските Евреи. Јас немам таков помрачен ум, не можам да осмислам такво нешто! Но можам да се пошегувам на сметка на таквите болни умови во Бугарија и во Македонија!, смета Богојески.
Тој ја повикува Захариева „да се опушти и да намали на омразата кон Македонците, да се вразуми и да го прочита уште еднаш со внимание “Конечното решение” со цел да најдеме излез од целата состојба!“
– Јас знам од каде е сета таа омраза на Бугарите кој Југославија и Тито, ги разбирам во целост! Но нема како да им помине обидот за асимилација – ребугаризација на македонската нација во 2020 година и тоа во име на ЕУ! Тоа ќе биде уништено токму од ЕУ! А Бугарија е на раб на нова национална катастрофа! Ние имаме решение за бугарскиот проблем, треба да и оставиме на Бугарија достојно повлекување од замката во која самите паднаа, зашто тоа е европско поведение, да си помагаме меѓусебно со соседите, секогаш кога некој од нас го изгубил европскиот пат! Овој пат на Бугарија и е потребна помош!, вели Богојески.
Катерина Смилева Божиновска