Над пет илјади заразени во Србија за еден ден, 38 починаа

by Fokus

Во изминатите 24 часа 15.061 граѓанин биле тестирани за новиот корона вирус во Србија, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале, што е досега најмногу смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.

Хоспитализирани се 6.329 лица, а на респиратори во болниците низ Србија има 216 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија регистрирани се 126.187 позитивни случаи, а починале 1.237 лица.

Поврзани новости