Захариева: Договорот меѓу Македонија и Бугарија ќе отвори нова страница

by Fokus

Договорот е важна нова страница во односите меѓу Македонија и Бугарија, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за бугарската телевизија.

Таа истакна дека текстот на договорот за добрососедство е финализиран и бугарската страна нема намера да води нови преговори.

„Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски според Уставот на Република Бугарија“, наведе Захариева.

 

Поврзани новости