769
Добрососедските односи не ги измислува Бугарија и тие се основен услов и критериум за членство во ЕУ, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, порачувајќи дека Северна Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство.
-Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство, што не е критериум за членство што го измисли Бугарија, туку е европски – што треба да се набљудува за време на целата преговарачка рамка – рече таа.
Таа додава дека работата на комисијата за историски прашања била суспендирана пред една година од страна на Скопје, но, како што посочува, веќе имало контакти меѓу двете страни.