379
Загрозено е членството на Нoтaрската комора во Mеѓународната унија на нотари, јави 24 Вести.
Oва денеска на вонредна посета го соопштија претставници на Унијата. Причина за тоа е најавата дека се подготвува нов закон за нотаријатот, кој предвидува задолжително присуство на адвокат при заверување на нотарски договори. Од Македонската нотарска комора велат дека предлог-законот е во владината процедура и доколку се донесе ќе предвидува и поголеми трошоци за странките.