Живко Митревски реизбран за претседател на ССМ

by Фокус 18:22
18:22

Досегашниот претседател на ССМ, Живко Митревски денеска на конгресот во Охрид беше реизбран на таа позиција како единствен кандидат. Од вкупно 113 делегати, на конгресот присуствуваа 98 и од нив сите гласаа „за“. Останатите го бојкотираа изборот, бидејќи сметаа дека тој е нелегитимен, затоа што не се дозволи да има и други кандидати.

Откако беше избран, Митевски рече дека во наредниот период Синдикатот главно ќе се залага за интензивирање на колективните договарања, формирање на синдикални организации во претпријатијата во кои досега не се формирани, трансформација на работниот однос на работниците од определено на неопределено време и подобрувањето на социјалната положба на работниците.

- Advertisements -

Пред денешниот конгрес, седум најголеми и најбројни  гранковите синдикати од составот на ССМ бараа да има повеќе од еден канидат за претседател со цел демократизација на процесот за избор. Но, тоа не беше прифатено од Претседателството и на Советот на ССМ, а седумте синдикати обвинија дека врвот на ССМ бил под влијание на Митревски, зад кои, како што рекоа тие, стои власта.

Поврзани новости