Загрозениот сведок во “Монструм” пред да ги види телата на убиените момчиња слушнал и повеќе истрели

by fokus

Пред да ги види телата на четирите убиени момчиња кај Смиљковското Езеро, загрозениот сведок Е1 слушнал и повеќе истрели. Ова на денешното рочиште го откри загрозениот сведок на денешното судско рочиште за случајот “Монструм”. Сепак сведокот потенцираше дека не видел кој пукал.

Адвокатот Насер Рауфи, му реплицираше дека сведокот досега пред судот сведочел осум пати, и дека на минатите рочишта никогаш не спомнал дека видел тела и дека слушнал истрели.

Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше дека овие прашања биле поставени прв пат, па затоа и сведокот прв пат одговорил.

Сведокот на прашање на судијата Огнен Ставрев рече дека не се сеќава дали кај Смиљковското Езеро критичниот ден и деновите претходно ги видел двајцата обвинети кои се во бегство, Алмир Демири и Африм Исмаиловиќ.

Поврзани новости