Загрозениот сведок од “27 април” ќе сведочи зад затворени врати

by fokus

Загрозениот сведок С1 за случајот “27 април” денеска ќе сведочи во Кривичниот суд но зад затворени врати, бидејќи судијката Добрила Кацарска одлучи тој да се сослуша без присуство на јавноста.

-Јавноста се исклучува поради заштита на загрозениот свесок, односно поради опасноста да му биде откриен идентитетот, рече Кацарска.

Таа сепак додаде дека сведочењето можат да го следат претставниците на ОБСЕ и на Американската амбасада. Присуство не му беше дозволено на претставникот од Коалицијата сите за правично судење, иако и тие се сметаат за стручна јавност. Колицијата во два наврати имаше јавна реакција за начинот на кој судијката ги води рочиштат, односно за нивната долготрајност.

Сведокот кој бил очевидец на насилството во Собранието, е сместен во посебна просторија во судот, а неговото сведочење во судница ќе се следи на екран, при што неговиот лик ќе биде заматен, а гласот мутиран.

Неодамна на судењето за случајот “Монструм” на јавноста и беше дозволено да присуствува на сведочењето на загрозениот сведок, бидејќи на тоа инсистираа и  СЈО и адвокатите.

В.В.

 

 

Поврзани новости