Загрозениот сведок Е1 денескa ќе сведочи за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро

by fokus

Загрозениот сведок, со псевдоним Е1, денеска треба да сведочи во Кривичниот суд на закажаното рочиште за случајот „Монструм“.

Како што информираат од одбраната, постоеше можност на видео бим да се пушти снимката од исказот кој го дал сведокот на првото судење, меѓутоа одлучено е да се изврши негов повторен распит бидејќи случајот од неодамна го презеде СЈО.

Додека загрозениот сведок ќе кажува што видел кај Смилковското езеро на 12 април кога беа убиени четирите момчиња и рибарот, јавноста најверојатно ќе биде исклучена бидејќи досега ниту еднаш не било дозволено да присуствуваат на испрашување на ваков тип на сведоци.                                                                                                                                                                                                            За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, по што судењето почна од почеток, под палката на СЈО.

В.В.

Поврзани новости