ЛДП: Дали домашен Субрата Рој ќе гради на црковен имот во Св.Наум?

by Фокус

Либерално-демократската партија застанува целосно зад битката која ја води владиката Тимотеј, за да не се дозволи раскрчмување на природно богатство и света земја, објави денеска партијата на Андреј Жерновски.

„И додека се чека како ќе се произнесе Управниот суд за експропријацијата на 18 хектари атрактивно земјиште во манастирскиот комплекс „Св. Наум“, охридските пратеници од редовите на ВМРО – ДПМНЕ сѐ уште молчат. За оваа земја не може Министерството за финансии со документ на четири страници, да ја извести МПЦ дека ќе се пристапи кон „одземање на корисничкото право“, и да одлучи дека на црквата ќе ѝ бидат исплатени 110 денари за квадрат. И на површина повторно излезе лагата на Владата со белосветските измамници-инвеститори. Субрата Рој кој во својата Индија е во затвор поради измама, наводно, поради почитување на верските чувства на македонскиот народ ќе се откажел на света земја да гради коцкарница и хотели“, се вели во соопштението

ЛДП ја прашува Владата, кој стои тогаш зад лагата и играта со Субрата Рој.

„Кој требаше да го добие ова атракативно земјиште за да го узурпира и експлоатира? Дали тоа е некој нов странски или домашен Субрата Рој? Да им покажеме јасно и гласно дека не можат се’ да земат во оваа земја”, апелира партијата.

Поврзани новости