Загриженост во германскиот Бундестаг: Mакедонската влада зазема автoритарен курс

by Фокус

Интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО е загрозена поради авторитарниот курс на Владата, вели за ДВ Клаус Бремих, пратеник на ЦДУ, кој присуствуваше на денешната седница во Бундестагот за Македонија.

Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг денеска зад затворени врати расправаше за политичката криза во Македонија. Пратеникот на владејачката конзервативна ЦДУ во германскиот Бундестаг Клаус Бремих во разговор за ДВ ги пренесува своите и оценките изнесени на денешната седница за состојбата во земјата.

ДВ: Како ја проценувате актуелната состојба во Македонија? Какви сознанија беа презентирани на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг?

Бремих: Според она што го гледам и според презентираните извештаи политичката состојба во Македонија станува се понепрегледна и растечки нестабилна. Актуелниот развој, како што се конфликтите меѓу владата и опозицијата, проблематичните меѓуетнички односи меѓу Македонците и Албанците, намалувањето на слободата на печатот, даваат причина за голема загриженост. Притоа, кај нас постојано доаѓаат извештаи за силно корумпирани структури. Овие сознанија беа презентирани и на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот“.

целиот разговор на ДВ

Поврзани новости